Општина Чешиново-Облешево
Грб на рурална општина

Заведен под број 4/2015 на 10.10.2015 година

Блазон

Штит
По брановиден шеврон на црвено и сребрено, две штркови глави, кои излегуваат од страните, обратно обоени, во челото три сребрени оризови класје, во основата извор во црвено.

Круна
Златна палисадна круна.

Венец
Златни оризови класја испреплетени со црвена лента со сребрен ширит.

Блазон
Стојанче Величковски

Емблазон
Стојанче Величковски

Симболика

Како препознатлива особеност за општината Чешиново-Облешево се издвојува штркот, кој не само што е прифатен и обнароден како афирмативен симбол, туку и визуелно е дел од амбиенталиот простор. На територија на оваа општина се наоѓа и најголемото штрково гнездо во Република Македонија кое е старо повеќе од 65 години.

Трите оризови класа во челото на грбот го преставуваат богатото Кочанско поле, двата штрка ги преставуваат најголемите населени места Чешиново и Облешево.

Изворот го симболизира богатството на општината со термални извори.

Белата освен како доминантна боја на штрковите ја симболизира и бојата на оризот, додека црвената боја ги симболизира топлината и гостопримството на жителите на општината.