Орел

Орел

Хералдичкиот опис на пти­ците се осврнува на две главни карак­теристики. Тоа се полож­бата на телото и положбата на крилјата. Дополнително може да се опишува бројноста на главите т.е. дали има една или повеќе, како и насоката на која е свртена. Тука се користат истите термини како и кај лавовите.

Она што е лавот меѓу хералдичките ѕверови, тоа е орелот меѓу хералдичките птици. Оваа граблива птица е нарекувана цар на небото и претставува втор најчесто среќаван хералдички симбол. Како симбол, орелот е постар од хералдиката и е користен уште од Персија, Рим, а подоцна Византија и државата на Карло Велики. Денес орелот во некоја своја форма е дел од грбовите на голем број европски земји како Германија, Австрија, Полска, Русија, Србија, Албанија, Црна Гора итн.37

Положбата на телото на орелот се припишува и на другите хералдички птици, иако има положби својствени за одреден вид птица.

Положба на телото

  1. 1. Во приказ – орелот е прикажан со крилјата и нозете се прикажани на двете страни од телото свртено кон набљудувачот. (сл.1)
  2. 2. Во полет – телото е прика­жано свртено настрана со главата насочен нагоре, со крилјата исправени како на полетување. (сл.2а)
  3. 3. Во лет – телото е прикажано свртено настрана, со главата насочена нагоре, но нозете и крилјата се во некоја од можните положби. (сл.2б)
  4. 4. Приземјен – птицата е во покој со крил­јата прибрани кон телото. (сл.3а) Многу често кога е во ваква положба, орелот е прикажан со крената десна нога. (сл.3б)
  5. 5. Во напад – телото е прикажано свртено настрана надолу како при пикирање. Главата е насочена напред и надолу. Крилјата можат да бидат прикажани или припнати, но секогаш се само отворени. (сл.4а)
  6. 6. На плен – орелот е врз некој плен, често зајак, и со клунот јаде од пленот. (сл.4б)

Положба на крилјата

  1. 7. Прикажани – крилјата се раширени на двете страни од телото такa што и двете се гледаат во целост. (сл.1а)
  2. 8. Подигнати – крилјата се подигнати како за полетување така што само врвовот на десното се гледа над целосно прикажаното лево па двете се споени едно кон друго. (сл.2а)
  3. 9. Раширени – крилјата се подигнати при што врвовите се насочени нагоре. (сл.1а)
  4. 10. Отворени – крилјата се подигнати, но врвовите се насочени надолу. (сл.1б)

Делови од орел

Главата на орелот или на кое било животно може да се претстави на два начина:

  1. 11. Отсечена – кога вратот е уредно исечен. (сл.5в)
  2. 12. Откината – кога е откинат вратот и има делови што недостигаат. (сл.5а)
  3. 13. Орeлска нога – се прикажува со пердувестиот дел на бутот. Исто како и главата, може да биде отсечена или откината. (сл.6б)
  4. 14. Орeлска канџа – претставува отсечена орелска нога, но секогаш без пердувестиот дел од бутот. (сл.6а)
  5. 15. Орeлски крилја – доста чест симбол употребуван на штитот, но и на челенката. Се среќаваат како две крилја или пак како едно крило, но секогаш прикажани и раширени. Кога се две можат да бидат независни едно од друго или пак споени. Кога се споени, се означуваат како чифтосани. Особено интересен симбол е орeлско крило со меч в рака. (сл.7)

Други атрибути

Други атрибути на главата можат да бидат:

  1. 16. Крунисана – на главата има круна. (сл.5в)
  2. 17. Оглавена кога на вратот има ставено железна алка со или без синџир. (сл.5б)

Честопати оглавот околу вратот е круна. Во тие случаи се работи за окрунета глава. (сл.5а)

Посебни положби

  1. 18. Пеликан во своето милосрдие – пеликан со подигнати крилја што со својот клун си ги боде градите за да ги нахрани своите пилиња (8а).
  2. 19. Бодар / во својата бодрост – птица свртена десно и застаната на една нога. Најчесто вака е прикажан жеравот (8б).
  3. 20. Паун во својата гордост – паун во пресрет со прикажана раширена опашка (9а).
  4. 21. Феникс – жар птица – е една од ретките митски птици што се употребува во хералдиката. Фениксот секогаш се претставува како полуорел во полет со крилјата прикажани и раширени, кој се издига од разбеснети огнени јазици. Понекогаш главата на орелот се среќава и украсена со перчин од паун (9б).