Современа македонска хералдика

Првичните напори за проучување на хералдиката во Македонија се направени кога во 1966 година Стјепан Анотљак го објавува учебникот Помошни историски науки, во кој има и дел за хералдиката.53 Во 1970 година се објавени статиите на Милош Константинов „7 градски грбови“ и Александар Матковски „Грбовите на Македонија“, кој прерасна во книга. Во декадите што доаѓаат македонската јавност ќе види само повторно издавање на книгите на Антољак во 1980 и на Матковски во 1990, што ќе го зголеми интересот кон хералдиката, но онаа државната, со што на еден начин се прави еднаквост, хералдиката да мора да е државна, односно земска.

Интересот за хералдиката во целото свое богатство почнува во 2000 година кога тогаш хералдичкиот ентузијаст Јован Јоновски ја поставува првата македонска хералдичка интернет страница. На почетокот таа се состоеше само од резимето на англиски јазик од книгата „Грбовите на Македонија” и неколку скенирани грбови од книгата, но набргу беше проширена со содржини за грбовите на општините, со лични грбови како и за хералдиката воопшто. Страницата добива популарност најнапред кај странци, а потоа и кај нашите од дијаспората. Подоцна, во 2002 година, кога преку страницата се запознаваат неколкумина од Македонија, се развива идејата за формирање Македонско хералдичко здружение, за поорганизирано проучување на хералдиката и хералдичкото наследство поврзано со Македонија, кое се основа во летото 2003 година.

Целите на здружението се:

  1. Популаризација на Хералдиката.
  2. Истражување на хералдичкото наследство во и поврзано со Македонија.
  3. Изработка на грбови, знамиња, одликувања.
  4. Оформување хералдички регистер во кој се заведуваат стари и нови хералдички достигнувања (грбови, знамиња, беџеви).
  5. Едукација од областа на хералдиката.
  6. Издавачка дејност.

Во следните 12 години се одржани редица предавања и работилници по хералдика, голем дел во соработка со Музејот на Македонија, што беше крунисано со поставување поставка за хералдиката во Македонија во 2009 година.

Многубројните написи, изјави и интервјуа по медиумите ја подигнуваа свесноста за хералдиката. Особено голема улога игра гласникот Македонски хералд, кој со своите 8 броеви, на македонски и на англиски јазик за популаризирање на македонската хералдика во земјата и светот. Броевите се слободно достапни на интернет страницата на здружението.

Еден важен аспект на активностите на МХЗ на меѓународен план. Блиска и активна соработка има со Српското хералдичко друштво „Бел орел“, Бугарското хералдичко и вексилолошко друштво, Хрватското хералдичко и вексилолошко друштво. Има и соработка и лични контакти со државните хералдички тела на Велика Британија, Канада, Словачка, Русија, Белорусија, на Грузија, Полска, Романија. МХЗ е член на Меѓународната генеалошка и хералдичка конфедерација и на Меѓународната федерација на вексилолошките здруженија.

Покрај институционалната херал­дика, за која ќе стане збор во следните глави, семејната хералдика почнува да буди зголемен интерес и многу поединци и семејства се здобиваат со грбови. Голем дел од тие грбови се заведуваат во Регистарот, без разлика дали грбовите се дизајнирани од членови на МХЗ.

Во Република Македонија секој што има доволно интерес и посветеност може да има граѓански грб. Граѓански грб значи грб без елементи кои укажуваат на статус и позиција, како штитодржачи, големи мантии, круни (освен челенкови) и ордени и симболи на витешки редови.

При креирањето нови грбови се води сметка за хералдичките правила и дух, како и за локалните специфики. Се избегнува аплицирањето на разгневениот лав и сонцето од Кутлеш, кои се сметаат за државни симболи. Важно е и грбот да не биде претенциозен, односно да ја наведува јавноста на поврзаност со историски семејства, титули, позиции и слично со кои грбоносецот нема легална поврзаност.

Во македонската хералдика типот на шлемот не укажува на статус и титули, а и круните се сметаат за челенкови круни, кои не укажуваат на титула или ранг. Исто тка не се употребуваат штитодржачи, кои во многу јурисдикции укажуваат на благородн