1.8.2021

Илинден 1903 – Споменица и Орден

Прво македонско одликување е Илинденската споменица востановена од Народното собрание на Народна Република Македонија на седницата од 6 јуни 1950 година со прогласување на Законот за Илинденската споменица. Споменицата популарно наречена „Илинденка“, е доделена во 1953 година, по повод 50-годишнината од Илинденското востание им е дадена на преживеаните учесници.

Повеќе за Илинденска споменица

Орденот Илинден 1903-1944 беше донесен со Законот за одликувања  од 1995 како втор орден по ред. Со Законот од 2002 го менува името во Илинден 1903 и станува трет орден по ред ( Орденот 8 септември од 3 се качува на 2 место). Но, дизајнот на орденот заедно со другите ордени и медали е донесен дури во 2005, и е редизајн на илинденската споменица од Костадин Танчев Динката и Владимир Боројевиќ. Доделен е само еднаш на 23.03.2017 година на Агенцијата за разузнавање, со што станува најреткиот македонски орден.