Македонија по втор пат го губи сонцето од Кутлеш
На денешен ден, 5.10.1995 година, во согласност со член 7 став 2 од Времената спогодба, беше тргнато сонцето од Кутлеш од знамето на Република Македонија.
Членот 7.2 вели: „Со стапувањето во сила на оваа Привремена Спогодба, Втората Страна ќе престане да го користи на каков било начин, симболот прикажан на нејзиното национално знаме до пред влегувањето во сила на оваа Спогодба.“
Со конечниот договор, членот 8.3 предвидува целосно исфрлање од употреба на овој симбол. Односно предвидено е бришење дури и во својот историски контекст, кога тоа сепак беше државно знаме на Република Македонија од 11.8.1992 до 5.10.1995 година.
8.3 „Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба.“