8.12.2019

Научен собор за Жефарович

Во Струмица, 5 и 6 декември 2019 година, се одржа вториот научен собир во чест на покровителите и заштитниците на градот Струмица – св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици. Тема на овој научен собир во организација на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, беше: Христофор Жефарович и неговото време.
Беа преставена 15 учесници со реферати. Покрај од организаторот, беа присутни од Филолошки факултет “Блаже Конески”, Филозофски факултет – Институт за историја, Институт за национална историја, Православен Богословски факултет “Св. Климент Охридски”, сите од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје, како и од Музејот на Македонија, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Прилеп и Македонското грбословно друштво.
Од МГД учествуваа Јован Јоновски со темата, Хералдиката на Жефарович и Иван Нацевски, Инверзијата на македонскиот земски грб во Стематографиите на Жефарович и Витезовиќ. Можни причини и влијанија.