5.10.2019

Нов претендент на дизајнот на знамето на Република Македонија од 1995

Во монографијата, Костадин Танчев – Динката, пишува дека токму тој е авторот на знамето. еве го извадокот од книгата:

„По спорот со Р Грција за името на 5.10.1995 г. Собранието усвојува нов Закон за знамето на Република Македонија, според кој знамето е „црвено со златно-жолто сонце со осум сончеви зраци што се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето, сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала, дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето, центарот на сонцето се поклопува со центарот во кој се сечат дијагоналите на знамето, односот на широчината и должината на знамето е 1:2″.

Пред да биде донесен новиот закон, според зборовите на уметникот, на 19.9.1995 г. бил повикан во кабинетот на претседателот Киро Глигоров (присутни биле државните функционери Стојан Андов, Зоран Крстевски и Стево Црвенковски). Нивниот предлог бил знамето да содржи симбол на осмокрако сонце со употреба на црвена и жолта боја. Костадин Танчев-Динка според овој предлог го изработува графичкото решение и го предава на собранието за два дена на 22.9.1995. Предлогот се појавува во весник и според зборовите на авторот, неговото решение е идентично со актуелното знаме (повторно не му бил исплатен авторски хонорар).“

Величковски Владимир, Костадин Танчев – Динката, Скопје: Национална галерија на Македонија, 2019, 181.