7.9.2019

Среќен ден на независноста на Република Македонија

Република Македонија својата независност ја доби под ова знаме. За разлика од другите југословенски републики, Република Македонија се осамостојуваше под некогашното црвено знаме со жолта петокрака. Под ова знаме е изгласана независноста на Република Македонија, на 8.9.1991 година. Под ова знаме е формирана Армијата на Република Македонија[1], и ова знаме е првиот различителен знак на македонските војници.[2] Првата класа војници на АРМ даде заклетва под тоа знаме.[3]

[1] На 6.3.1992 година, е преземен првиот воен објект – зградата на Републичкиот и Градскиот штаб на ТО во Скопје, а на 11 март 1992 година, е преземена првата караула „Рамна нива“ на македонско–бугарската граница. На 2.3.1992 година, е преземен и последниот, најголемиот воен објект – касарната „Маршал Тито“. Првите регрути пристигнуваат на 14.4.1992 година, и ја носат старата униформа и ознаки на ЈНА, со еден додаток, знамето на Социјалистичка Република Македонија на ракавот.

[2] Со овој симбол тие се разликуваат од припадниците на ЈНА, бидејќи носат иста униформа и со ѕвезда петоркака на капите.

[3] На 9.5.1992 година