22.10.2018

Три цивилни форми на носење ордени

Ордените, како одликување, можат да имаат повеќе степени, на кои се укажува според начинот на носење. Така Императорскиот и царски орден на Свети Станислав (Н.И.В Великата кнегиња Марија Владимировна Романов) има три степени.  Првиот степен се означува со носење орденска ѕвезда и орденска лента, вториот степен  со носење на орденскиот знак околу вратот и третиот со носење на орденскиот знак на петоаголна лента на гради.

Ордените освен орденскиот знак можат да се носат како минијатура, која се носи на реверот, како и розета која се носи во дупчето на реверот.