21.5.2023

Учество на хералдички конгрес во Романија


Романскиот институт за генеалогија и хералдика „Север Зота“ го организираше XIX-тиот национален конгрес за генеалогија и хералдика, организиран во Јаши, Романија, 11-13 мај 2023 година. На конгресот учествуваше и претседател на MГД, д-р. Јован Јоновски со презентација насловена „Хералдизација на социјалистичката месна хералдика во Македонија“. Тој го посети и Архивот во Јаши каде ја анализираше Златната книга на Константинскиот орден на Свети Георгиј, каде се наоѓа грбот на Архиепископ на Охридската Архиепископија.