31.7.2018

Илинденско знаме со социјалистички мотиви

На 2 август 1903 година избувна Илинденското востание. Сите чети кои учествуваа има свои знамиња, кои се различни по содржина. Најчесто се со верски слогани или пак со лав или девојка као симбол на Македонија.

Две знамиња се резликуваат од најраширената типологија спомената погоре. Едното е кумановското знаме со востаник зад кој изгрева сонце, и знамето на Крушевската чета. На црвена основа со златно жолт конец се извезани две раце кои се поздравувааат, зад кои има факел. Под нив има две вкрстени гранчиња.

Социјалистичките идеи кои биле модерни во тоа време, подоцна ќе бидат експлоатирани како примарни во социјалистичката историографија.