29.4.2022

Осврт за процесот на усвојување на државните симболи на Република Македонија во 1992 година

Процесот за утврдување на грбот, знамето и химната на Република Македонија. фактички започна со спроведување конкурс за избор на идејни решенија. Потоа беа претставени предлози на закон и редица амандманиод страна на пратениците за изгледот на грбот, знамето и химната, којашто остана иста. Трите најдобри решенија од конкурсот за грб и знаме не се најдоа во понатамошната постапка, туку се претстави концепт за грб и знаме со нов дизајн на сонцето. Во целиот процес, за знаме од 6 предлози, 3 се со сонце, 2 со лав и 1 со постојниот грб. За грб 23 предлози се за 16 типа грбови, 8 се со лав и 8 со сонце. Конечно, најголема поддршка имаше концептот за знаме и грб со 16 кракото сонце, предложено од Тодор Петров. Знамето се изгласа, но не се постигна концензус за грб.

https://heraldika.org.mk/macedonianherald/index.php/mkherald/article/view/8/8