Претседателот Борис Трајковски одликуван од кралицата Елизабета II
Претседателот Борис Трајковски, при неговата државна посета на Обединетото Кралство 2000 година, добил орден на св. Михаел и св. Ѓорги во степен на почесен витез на големиот крст на редот. (Honorary Knight Grand Cross of the Order of St Michael and St George) (GCMG) .
Станува збор за протоколарен степен на орден кој се доделува на странски државници кои се во официјална посета на ОК, па така добитниците не се вбројуваат во членови на овој ред чиј број е ограничен. Исто така, овој почесен степен не повлекува титула „сир“ (Ser), како и други привилегии кога станува збор за највисокиот степен на шестиот орден по хиерархија во системот на одликувања на Обединетото Кралство.