22.1.2010

Утврден Грбот на Република Македонија

На 16 ноември 2009 година, без никаква расправа и за само неколку секунди, колку што траеше гласањето, падна петокраката од државниот грб. За симнувањето на ѕвездата, освен владините коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ гласаше и опозициската ЛДП. Поддршката на нејзините тројца пратеници (Андреј Жерновски, Ристо Пенов и Роза Топузова-Каревска) се покажа клучна во обезбедувањето на неопходното двотретинско мнозинство. Бришењето на петокраката беше направено со 80 гласови „за“ , што е минимум за носење системски закони. „Против“ гласаа 18 пратеници од СДСМ и од НСДП, а Нова демократија го бојкотираше изјаснувањето. Наспроти првичните најави од Владата дека местото на ѕвездата ќе остане празно, сепак, нема да има дупка на грбот, туку житните класје се спојуваат на врвот.