8.12.2021

Орден свети Климент Охридски


Орденот свети Климент Охридски е единственото одликување на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Орденот е во степени, именувани како прв, втор и трет ред. Орденскиот знак претставува елипсовиден медалјон со исти димензии во златна (1 ред), сребрена (2 ред) и бронзена (3 ред) боја. Орденот се носи околу врат при што сите степени се со обична црвена лента. Орденскиот знак е изработен во Голдмак Радовиш.

Орденот е пропишан во Уставот на МПЦ член 24 точка 36, каде се опишани активностите на Светиот Архиерејски Синод, дека доделува орден св. Климент Охридски, без дополнителни објаснувања. Иако статутот уште од 1967 година, го предвидува овој орден, тој за првпат е доделен во 2002 година по повод свеченото отварање на возобновената црква св. Климент на Плаошник, Охрид. Гранд мастер на орденот, по хиерархијата на МПЦ-ОА, е Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан