Општина Сопиште
Грб на рурална општина

Заведен под број 3/2023 на 29.9.2023 година

Блазон

Штит
Златно, црвена божица – мајка, на црвена бордура 4 сребрени цветови од цреша со златен полен и 4 златни гроздови, наизменично.

Круна
Златна палисадна круна

Венец
Зелен дабов венец обвиткан со црвена и златна лента

Блазон
Иван Нацевски

Емблазон
Јован Јоновски

Симболика

Централниот елемент на грбот е стилизирана Божица – Мајка со особености на онаа најдена на територија на Општина Сопиште, во Говрлево. Елементот ја нагласува долгата и богата историја на општината и претставува оригинален израз препознатлив и својствен за Сопиште. Другите елементи се грозд и црешов цвет. Тие ја симболизираат лозарската и овоштарската традиција на општината по кои таа е препознатлива. Дабовото гранче под штитот, ги претставува и дабовите шумите во општината.рогови на овен, што го симблизира и визуелно го лоцира Свети Николе како центар на Овчеполието.