Креирање на грб

Македонското грбословно друштво изработува лични и семејни грбови.

Тие се состојат од штит, шлем со мантија, челенка и девиза. Не се дозволени штитодржачи, голема мантија и круни без челенка.

Процесот на креирање и регистрација на грб се состои од три фази.

Првата е утврдување на блазонот. Тука се дефинира што ќе има на грбот, со какви бои, во каков однос, положба итн.

Втората е уметничко исцртување

Третата е регистрација на грбот.

Во првата фаза се разговара за вашите желби што да биде претставено на грбот (приказна од историјата, ваша или на семејството, вредности, можеби професија или друг интерес итн.), што се наведува во барање.

Потоа тие идеи се срочуваат во хералдичка форма со неколку предлози, најнапред за штитот, потоа за челенката и на крај девизата. Потоа во комуникација со петиционерот се утврдува конечната верзија, за која се добива технички емблазон (цртеж)

Техничкиот емблазон се прави со професионален хералдички клипарт и вие добивате битмап цртежи од грбот во сите три форми (мал, среден, голем) практично во која сакате резолуција. Не се добива векторски фајл. Изработката на грбот со технички емблазон  (цртеж) како грбовите на
https://www.facebook.com/HeraldicArtJJ/

Во случај да се бара поголем квалитет, тогаш се преоѓа во втора фаза треба да ангажирате хералдички уметник   https://heraldika.org.mk/news/ist-blazon-razlichen-emblazon/

Трето е регистрација. Грбот се објавува на официјалната интернет страница, како и во следното издание на Македонски хералд (излегува двапати годишно). Само актот на регистрација, поставување на сајтот, и објавување во Македонски хералд. За ова се добива обична А4 потврда е вклучено во цената на изработката.

https://heraldika.org.mk/news/obichna-matrikula/

Постои стандардна матрикула (компјутерски испечатена со специјални бои на специјална памучна хартија, тврдо вкоричена во папка од плиш везен со срма

https://heraldika.org.mk/news/matrikula-za-registriran-grb/

постои и можност за полуксузно, по договор (рачно боена, со калиграфско писмо со позлатени минијатури).

Процедура за изработка на личен/семеен грб

  1. Се поднесува барањето на петиционерот на стандардниот формулар.
  2. Барањето се разгледува и се доделува на хералд.
  3. Хералдот го контактира петиционерот за консултации во врска со дизајнот на грбот.
  4. Хералдот го изработува блазонот во согласност со хералдичките правила и традиции, водејќи сметка за оние желби на петиционерот кои се во согласност со хералдичките правила и традиции, како и со стандардите на Македонското грбословно друштво.
  5. По завршувањето на дизајнот/блазонот, истиот се преставува на петиционерот.
  6. По утврдувањето на блазонот, петиционерот го избира хералдичкиот уметник, кој извршува емблазонирање на блазонот.
  7. Во процесот на емблазонирање, хералдичкиот уметник е во постојан контакт со хералдот.
  8. Добиениот грб (блазон и емблазон) е подготвен за заведување во регистерот на Македонското грбословно друштво.

Правила за изработка на грб.

  1. МГД има право да одбие барање за изработка на грб доколку петиционерот бара претенциозен грб.
  2. МГД изработува само граѓански грбови, и не признава странски титули, и симболи на ранк.
  3. МГД ги признава само ордените и медалите на Република Македонија.
  4. Сите барања за вклучување на дополнителни параферналии како и аугументации и знаци на каденција мора да бидат документирани, прифатливо за МГД.