18.7.2022

Главниот хералд д-р Јован Јоновски добитник на највисокото вексилолошко признание

Главниот хералд на Македонското грбословно друштво, д-р Јован Јоновски е добитник на највисокото вексилолошко признание од Меѓународната федерација на вексилолошки здруженија – Fédération internationale des associations vexillologiques (FIAV). Признанието Лауреат на федерацијата е доделено на 29 меѓународниот конгрес по вексилологија во Љубљана, Словенија, за изворедни оригинални постигнувања за вексилологијата како наука.