18.9.2022

Годишнина од смртта на Христофор Жефаровиќ

Денес се одбележува годишината од смртта на Христофор Жефаровиќ, кој починал на 18 септември 1753 година во Москва. Жефаровиќ е првиот кој што ја „ донел “ хералдиката во Македонија и пошироко на овие простори.  Затоа се смета за патрон  на хералдиката кај дел од  јужнословенските народи. Тој бил, македонски преродбеник, зограф, иконописец, бакрорезец, роден во Дојран. Се школувал во Солун , а потоа заминал во Карловачката митрополија. Најголема слава меѓу сите Јужни Словени, му донела неговата граверска и издавачка работа која претставува прва српска печатница во Војводина.

Во 1741 г. го издал преводот на словенски на Стематографијата на Павле Ритер Витезовиќ, која била издадена во 1701 г . на латински. Книгата излегла на 21.10.1741 во Виена, на денот кога бил Арсение потврден за патријарх и кому му е посветена стематографијата.

Жефаровиќ додава на книгата 8 гравури со светци и 8 гравури со српски владетели , како и портрет на патријархот Арсение. Грбовите се преставени со хералдичко шрафирање за означување на боите. На стематографијата работел и виенскиот мајстор Месмер кој ги режел цртежите на Жефаровиќ во бакар. Цртежите на 56 земски грбови меѓу кои и грбот на Македонија со црвен лав на златно поле.

За разлика од Стематографијата на Витезовиќ , која била напишана на латински јазик , оваа на Жефаровиќ , напишана на словенски јазик , им била достапна на сите без разлика дали се писмени или не , бидејќи била албум со грбови , владетели и светци. Стематографијата била толку популарна што дури била и забранета.

Освен преводот на Стематографијата која ќе стане првиот илустриран прирачник по хералдика , не се познати никакви други хералдички текстови на Жефаровиќ.