14.7.2018

После 15 години постоење, згасна Македонското хералдичко здружение

После 15 години постоење згасна Македонското хералдичко здружение. На неговите темели и начела се формира Македонското грбословно друштво кое ја продолжува традицијата и залагањата на МХЗ, водејќи особено длабока грижа за Регистерот на грбови и гласникот Македонски Хералд. За таа цел, и во насока на подигнувањето на рејтингот на гласникот, формиран е меѓународен уредувачки одбор составен од реномирани имиња од областа на хералдиката, вексилологијата, фалеристиката, генеологијата, но и од уметноста, историја, антропологија итн.