Општина Ново Село
Грб на рурална општина

Заведен под број 4/2013 на 31.12.2014 година

Блазон

Штит
Расечен црно и злато, кула, во основата два брановидни ремени, сѐ обратно обоено

Круна
Златна палисадна круна

Венец
Златно костеново лисје обвиткано со црвена лента

Блазон
Коста Стаматовски

Емблазон
Коста Стаматовски

Симболика

Црната боја е симбол на трагичноста која произлегува од секоја битка, во овој случај Беласичката битка. Таа ја сублимира саможртвата на загинатите за независно опстојување и претставува потсетник за цената на толку посакуваната слобода.

Златната боја ја претставува светлината која несомнено се отсликува во црнилото на саможртвата и го наговестува незапирливиот порив на утрешниот ден и златната иднина. Воедно, претставува симбол на природното изобилство на општината.

Кулата е силен говоречки симбол кој го отсликува културно-историското наследство на општината и воедно се надоврзува на важноста на местоположбата на истата, како македонски одбрамбен бедем, своевиден штит и авангарда на слободата.

Двата брановидни ремена со својата обоеност во контра бои претставуваат каскаден воден тек т.е. се симболи за водопадите на општината. Дополнително, со својата испреплетеност го симболизираат премрежјето на нашето независно опстојување и уште еднаш создаваат алегорија на утврдено одбрамбено место.